Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон се шири на Балканот. Две заразени лица потврдени во Хрватска

Омикрон, новиот вид на Ковид-19 вирусит кој се шири од Јужна Африка низ целиот свет, пристигна во Хрватска. Видот Омикрон на Ковид-19 заразил двајца државјани кои биле надвор од Хрватска каде биле на деловен состанок, покажале резултатите од секвенционирањето кое траело 72 часа.

Ова на денешната конференција го потврдија директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чапак, епидемиологот Бернард Каиќ и раководителот на Одделот за микробиологија Љиљана Жмак, откако беа откриени сомнежи дека во Хрватска се појавил новиот вид.

Не можеме со сигурност да потврдиме кој е изворот на болеста бидејќи тие не патувале надвор од Хрватска, но можно е да се заразиле на една деловна средба на која биле заедно. И учесниците на оваа деловна средба се контактирани и мора да бидат ставени во карантин, а постои можност еден од нив да бил изворот. Сите беа повикани на тестирање денеска. На собирот имаше и странци – беше кажано на денешната прес-конференција.

Беше кажано дека симптомите се висока температура и чувство како да те гази воз или автобус.

Новиот вид првпат беше откриен на 25 ноември во Јужна Африка и досега се проширил во повеќе од 38 земји. Омикрон или Б.1.1.529. е мутиран вид на Ковид-19 со повеќе од 50 генетски мутации, од кои над 30 се мутации на шилести протеини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!