Вие имате прво да ја знаете вистината

Пакистански воен хеликоптер се урна на глечерот Ксијачен: Загинаа пилотите, испратени спасувачки екипи

Пакистански воен хеликоптер се урна денеска на глечерот Ксијачен, а во несреќата загинаа двајца пилоти, соопшти пакистанската војска.

Причините и дополнителните детали за несреќата не се споменуваат, освен дека временските услови биле лоши во моментот на несреќата.

Хеликоптери со спасувачи се испратени на местото на несреќата на глечерот Сијахен, се додава во соопштението.

Местото на несреќата се наоѓа на глечер кој е дел од планинскиот венец Каракорум, кој се протега меѓу Пакистан, Индија и Кина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!