Вие имате прво да ја знаете вистината

Премиерката на Данска се извини за неносење маска: “Знам дека тоа може да му се случи на секого“

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска се извини откако беше снимена без маска во продавница, спротивно на новите правила за да се спречи ширењето на ковид-19 .

Видеото кое беше објавено од данскиот дневен весник „Екстра Бладет“ беше снимено во петокот од случаен минувач во продавница за облека во центарот на Копенхаген, четири дена откако беше повторно воведена обврската за носење маски на јавни места и во јавниот превоз.

Ова е превид, според новите правила кои стапија на сила. Сфатив за тоа дека кога ме снимаше граѓанин – брзо реагираше Фредериксен на социјалните мрежи, пренесува Хина.

Знам дека тоа може да му се случи на секого. „Жал ми е и сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за сè што заедно правиме за да ја спречиме епидемијата“, рече таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!