Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин пристигна во Њу Делхи: Русија ја смета Индија за голема сила, пријателска нација и сигурен сојузник

Русија ја смета Индија за „голема сила“ и „сигурен сојузник“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по пристигнувањето во Њу Делхи.

„Ние ја сметаме Индија за голема сила, пријателска нација и сигурен сојузник“, им рече Путин на новинарите пред средбата со премиерот Нарендра Моди.

Путин престојува во Индија со цел да ја зајакне воената и енергетската соработка.

Ова е второ патување на Путин во странство од почетокот на пандемијата на корона вирусот. Првото патување беше во јуни, кога тој замина во Женева на средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!