Вие имате прво да ја знаете вистината

Руски војник ги загуби нозете и сега само со раце ги освојува планинските врвови

Мотивацијата која може да произлезе од овој човек е навистина голема, па никој не треба да биде изненаден од бројот на придружниците на овој храбар војник.

Рустам Набиев не само што остана жив, туку и најде среќа и смисла во животот. Ова е темата на неговиот блог на Инстаграм, кој на сите им докажува дека животот е убав.

Тоа е еден од најинспиративните блогови што некогаш сте ги прочитале. Дваесет и петгодишниот Рустам од Уфа преживеа страшна катастрофа кога неговата касарна се урна на 12 јули 2015 година.

Овој датум го смета за негов „втор роденден“. Тој ден загинаа 24 негови колеги од војската, но и покрај тоа што цела ноќ беше закопан под урнатините, тој беше спасен.

https://www.instagram.com/p/CUH0jDtqdv7/?utm_source=ig_embed&ig_rid=5110480b-e908-4589-b0a9-6730b55999c2

Сепак, овој живот имаше цена – губење на двете нозе. Но, Рустам не се откажал. Денес игра хокеј на мраз и пишува блог

Многу следбеници велат дека Рустам ги инспирира.

Добив писма од луѓе кои велат дека сум ги спречил да ја направат најлошата грешка во животот – да се самоубијат. Многу е убаво да се знае дека мојот пример им помага на другите да не се откажуваат; тоа е единствената причина зошто вреди да се преживее и да се бори – изјави тој за рускиот портал Рустам.

Тоа што е најневеројатно е фактот дека овој човек е рекреативен планинар и што ги освојува руските врвови користејќи ги само рацете. Мотивацијата која може да произлезе од овој човек е навистина голема, па никој не треба да биде изненаден од бројот на придружниците на овој храбар војник.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!