Вие имате прво да ја знаете вистината

Саудиски принц е сопственик на најскапиот дом во светот: Само за една уметничка слика платил 400 милиони евра

Принцот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман го купи англискиот клуб Њукасл за 350.000.000 евра и со тоа стана најмоќната личност во светскиот фудбал.

Младиот богат саудиски принц, откако неговиот татко, кралот Салман, го назначи за наследник на тронот во јуни 2017 година, по кралот, стана најмоќната фигура во неговата земја.

Покрај фудбалскиот клуб Њукасл, тој е сопственик и на најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.

Имено, тој во 2015 година искеширал 270 милиони евра за изградба на величествениот замок во чест на францускиот крал Луј XVI. Интересно е што оваа вртоглава бројка е блиску до парите кои ги даде за купување на Њукасл.

Но, со оглед на тоа дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци за него се вистинска ситница.

Замокот Луј XVI, кој е завршен во 2011 година, е изграден во стилот на француските замоци од 17 век, а целиот имот се простира на речиси 5.000 квадратни метри.

Има винарски визби, внатрешни и надворешни базени, а и еден специјален со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, кино, терен за сквош, соба во аквариум…

Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, особено со сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, која ја платил повеќе од англискиот клуб.

Исто така, замокот има десет луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за бал и други свечености.

Покрај овој луксузен и раскошен замок, Салман поседува и јахта долга 130 метри, која чини 530 милиони евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!