Вие имате прво да ја знаете вистината

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПЛАНЕТАТА? Хаваи погодени од силна снежна бура, снимките и фотографиите се НЕВЕРОЈАТНИ (ФОТО/ВИДЕО)

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за снежна бура на планинските врвови на Хаваите. Снегот почна да паѓа во петокот, а се очекува за време на викендот на врвовите на Големиот остров да паднат околу 30 сантиметри.

Метеоролошката служба предупреди да не се патува во таа област, наведувајќи дека тоа ќе биде многу тешко или невозможно, објави NBC News.

Самата прогноза, според Њујорк тајмс, доведе до „драматични медиумски наслови и размислувања за снежната покривка на плажите Ваикики и сурферите кои се тресат од студот“.

Весникот посочува дека снег се очекува на планинските врвови на Големиот остров, кои се издигнуваат многу над 3.350 метри, што не е неочекувана височина за врнежи од снег, дури и на тропски остров. Врвовите Мауна Лоа и Мауна Кеа, каде од петокот паѓа снег, често се покриени со снег, истакнуваат метеоролозите.

Метеоролошката служба соопшти дека снежната бура се очекува да донесе налети на ветер од над 160 километри на час.

Истото невреме кое е одговорно за снежната бура донесе и дожд во регионот, што е добра вест за Големиот остров, кој е погоден од голема суша. Опасност има и од поплави, па Службата во вторник издаде предупредување за целиот синџир на острови, поради можност од одрони и порои.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!