Вие имате прво да ја знаете вистината

Сите зборуваат за финската премиерка на луда забава: Пиела и танцувала како да нема утре

Финската премиерка Сана Марин (36) била видена како пие пиво и танцува со пријателите во ноќниот клуб Butchers во Хелсинки до раните утрински часови. Очигледно воопшто неоптоварена од пандемијата и новата варијанта на коронавирусот, омикрон, околу која се зголемува хистеријата низ светот, таа останала надвор до 4 часот наутро, пренесува Дејли Мејл.

Пред тоа, премиерката била на вечера во ресторанот Гротеск, а подоцна продолжила да се дружи со својот сопруг Маркус Раиконен и нивните пријатели во клубот, пишува локалниот весник Сеиска.

-Седеше со пријателите и изгледаше дека сите добро се забавуваат. Но, беше очигледно дека Сана сè уште беше малку вознемирена од луѓето што зјапаа во неа. На крајот на вечерта друштвото ја опколи премиерката, веројатно за да се чувствува поопуштено во клубот – изјавил еден од гостите.

Инаку, во Финска досега е откриен само еден случај на инфекција со омикрон, а земјата веќе може да се пофали со една од најниските стапки на инфекција со Ковид-19 во Европа. Во саботата имаа 1277 нови случаи на заразени, додека, на пример, во Германија бројката изнесуваше дури 56.739.

Инаку, финската премиерка минатата недела објави дека сите во здравствениот и социјалниот систем ќе мора да се вакцинираат против Ковид. Владата инсистира на засилено тестирање, а се препорачува работа од дома секогаш кога е можно. Дополнително, од сите патници кои доаѓаат во земјата се бара да имаат сертификат за ковид кој покажува дека се вакцинирани, а оние без него ќе треба да се тестираат за ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!