Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа го следи примерот на нејзините родители: Ќерката на Вил Смит има момче но покрај него уште неколку љубовници (фото)

21-годишната ќерка на Вил и Џејд Пинкет Смит, Вилоу Смит, е видена на плажите во Мајами како разменува нежности со музичарот Де’Вејн.

Избричена глава и во црно бикини, Вилоу можеби немаше да привлече толкаво внимание доколку не разменеше нежности со дотичниот колега, а познато е дека е во долга врска со Тајлер Кол. Двојката е заедно со него од 2017 година, но ќерката на Вил Смит претходно откри дека и двајцата практикуваат слободна врска што им овозможило да имаат повеќе партнери во исто време.

Најмалото дете на познатиот актер го откри во шоуто на неговата мајка Џејд, Red Table Talk, а изгледа дека јаболкото баш и не паѓа далеку од дрвото.

Имено, и нејзините родители имаат отворен брак во кој се дозволени други сексуални партнери, но само со знаење на другата страна. За ова се шпекулира долги години, а парот од оваа година отворено зборуваат за својата одлука, која не ја сметаат за скандалозна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!