Вие имате прво да ја знаете вистината

“Вие сте Титови, Тито е ваш”, Хрватска гледа и не верува што се случува на стадионот Максимир (видео)

Вчера беше големото дерби од хрватскиот шампионат меѓу загрепски Динамо и сплитски Хајдук на Максимир.

Секако, покрај големото ривалство и натпреварувачки набој, секогаш во фокусот се навивачите на двата тима.

Голем број симпатизери на Хајдук Сплит дојдоа во Загреб за да му помогнат на својот тим, а набргу по влегувањето на Торцида на стадионот почнаа меѓусебните навреди.

Сплиќаните извикуваа „Убиј го пургерот“, што е прекар за Загребчаните, а бидејќи „товар“, т.е. магаре,е прекар за гостите од Сплит, навивачите на Динамо скандираа „ Убиј го товарот“ .

Кога Торцида разви голем транспарент на кој пишуваше „Го мразам Динамо“, локалните „Бед Блу Бојс“ почнаа да им скандираат на навивачите од Сплит:

Вие сте Титови, Тито е ваш!

Тоа, секако, беше загрепско потсетување на настаните од 4 мај 1980 година, кога почина доживотниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито.

Имено, една од највпечатливите сцени на веста за неговата смрт се случила во Сплит. Во моментот на објавување дека Тито повеќе не е жив, на стадионот Пољуд се играше 43-та минути од фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Црвена Звезда. Се ближеше крајот на првото полувреме, а Звезда водеше со 1:0. Точно во 19 часот и 12 минути на теренот влегол маж и му сигнализирал на судијата Нусреф Мухаремагиќ да го прекине натпреварот.

После тоа играчите се собраа околу судијата на средината на теренот, а околу 50.000 гледачи на трибините беа изненадени. На изненадената публика и играчите преку разглас им се обрати претседателот на Хајдук и претседателот на Извршниот совет (градоначалникот) на Сплит, Анте Скатаретико, кој ја соопшти веста за смртта на претседателот Тито и ги повика сите присутни да му оддадат почит со едно минутно молчење.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!