Вие имате прво да ја знаете вистината

Владата на Србија со нова економска помош: Околу 5,8 милиони граѓани на Србија ќе добијат 20 евра

Српскиот министерот за финансии, Синиша Мали, најави дека утре пензионерите, примателите на парична социјална помош и лицата во Заводот за извршување на кривични санкции ќе добијат 20 евра државна парична поддршка, додека останатите полнолетни граѓани парите ќе ги добијат на 8 и 9 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вкупно, околу 5,8 милиони граѓани на Србија ќе добијат 20 евра парична помош од државата, кои ги исплаќаме во рамките на третиот пакет поддршка за стопанството и граѓаните со цел да се ублажат последиците од пандемијата на коронавирусот. За оваа мерка за поддршка се издвоени вкупно 13,6 милијарди динари, а со тоа ги заокружуваме исплатите во рамки на третиот пакет поддршка за годинава, изјави министерот Мали и потсети дека досега успешно се реализирани три пакети за поддршка на стопанството и граѓаните на Србија, вредни осум милијарди евра или околу 17 отсто од БДП.

Како што се наведува во соопштението на Министеротството за финасии, Мали потсети дека во мај и ноември 5,7 милиони граѓани добиле по 30+30 евра, дека вакцинираните во јуни добиле по 3.000 динари, а невработените по 60 евра.

Синиша Мали додаде дека сите овие мерки покажуваат дека поддршката од државата е континуирана, и дека се покажало дека државата се грижи за своите граѓани, нивниот животен стандард и квалитет.

Тој потсети дека Србија во третиот квартал остварила стапка на економска раст од 7,7 отсто, а годинава ќе има стапка на раст од над седум отсто.

-Ако на тоа се додаде минатогодишниот резултат од само минус 0,9 отсто, јасно е дека ќе имаме еден од најдобрите резултати во Европа кога станува збор за кумулативниот раст на БДП. Исто така, нашиот јавен долг е под контрола и ќе остане под 60 отсто, а невработеноста е на надолна траекторија и покрај пандемијата, кажа министерот Синиша Мали.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!