Вие имате прво да ја знаете вистината

Луксузниот хотел на Лионел Меси во Барселона наредено е да се сруши! Голем финансиски шок за аргентинецот

Лионел Меси се соочува со голем финансиски проблем откако му беше наредено да го урне хотелот што го поседува во Барселона во вредност од 26 милиони фунти.

Меси на одличен и успешен начин ја започна минатата недела откако ја освои Златната топка по рекорден седми пат, но прославата веројатно ја расипа веста дека неговиот хотел со четири ѕвезди во Барселона добил судски налог за уривање.

Шпанскиот весник El Confidencial тврди дека хотелот со 77 соби, познат како „MiM Sitges“, не ги исполнува потребните стандарди за градба во Барселона.

Наводно, хотелските балкони се преголеми, а зградата е во опасност од само-уривање. Исто така, планот за итни случаи на хотелот во случај на пожар или други не посакувани настани, не ги исполнува стандардите.

Според весникот, El Confidencial, Меси згрешил и не бил свесен дека имотот е веќе во план за уривање кога го купил во 2017 година, а дознал кога споменатиот весник го контактирал за коментар околу наводното рушење.

Меси поседува и други хотели, на Ибица и Мајорка, а поголемиот дел од животот го помина во Барселона откако му се приклучи на клубот на само 13 годишна возраст.

Аргентинецот се пресели во Париз на почетокот на оваа година по трансферот во ПСЖ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!