Вие имате прво да ја знаете вистината

Моника Белучи проговори за процесот на стареење: Не сум опседната со годините и изгледот!

Моника Белучи е ѕвезда на насловната страница на неодамнешното издание на The Sunday Times Style, за кое зборуваше на повеќе теми помеѓу кои и за стареењето, одржувањето на изгледот, но и прифаќањето на сопствените години.

На 57 годишна возраст, Моника Белучи не се плаши од стареење, туку кажа дека го прифаќа овој неизбежен процес.

Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин, изјави таа во новото интервју за The Sunday Times Style.

https://www.instagram.com/p/CXHA4SBgyRb/?utm_source=ig_web_copy_link

Коментирајќи го својот изглед, таа откри дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, наместо тоа таа почесто преферира квалитетно вино и убави тестенини но секако и повремени пилатес сесии. Сепак, малку и вежба и следи одредени диети, но само кога треба и секогаш во разумни граници.

Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин, изјавила таа.

Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш 20 години. Тие ни даваат поинаква перспектива, додава убавата Моника.

https://www.instagram.com/p/CRs1NYOgIiU/?utm_source=ig_web_copy_link

Коментирајќи го своето искуство како 50-годишна Бонд девојка во филмот Spectre од култниот серијал на Џејмс Бонд филмови, италијанската убавица истакна дека нејзиниот кастинг означува голема промена, додавајќи дека има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин.

Таа кажа дека кога сме млади имаме ѓаволска убавина, што е сосема природно, но дека животот продолжува и дека треба да се справиме со староста.

https://www.instagram.com/p/CN-MoFzgqvW/?utm_source=ig_web_copy_link

Белучи зборуваше и за ќерките и за врската со нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел, од кој се разведе во 2013 година, а оттогаш поранешната брачна двојка го најде ритамот на заедничко родителство.

Ние сме одвоени долго време, но во исто време кога сте родител, вие сте родители доживотно, изјави Белучи.

Како мајка која доживеала тешки аспекти на славата, Белучи кажа дека не сака да ги учи своите ќерки да бидат во постојан конфликт со мажите. На крајот актерката изјави дека е благодарна што како млада тинејџерка не почнала да работи во филмската индустрија, но и што тоа е прашање на сопствената среќа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!