Вие имате прво да ја знаете вистината

Новиот филм на Дизни кој што е номиниран за Оскарова награда официјално забранет во државите од Блискиот Исток! Причината е трансродов лик

Само еден месец откако филмот „Eternals“ ја доживеа истата судбина, музичката адаптација на Стивен Спилберг наиде на критики од регионалните цензори на Блискиот Исток, овојпат наводно за вмешаност на трансродовиот лик во филмот.

Адаптацијата во фимот „West Side Story“, кој ќе биде номиниран за Оскар, нема да се прикажува во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Оман или Кувајт, пишува Hollywood Reporter.

Во Саудиска Арабија и Кувајт – кои се сметаат за најстроги во однос на цензурата – филмот не доби потврда за неговото прикажување. Во останатите земји, цензорите бараа промени кои Дизни одби да ги направи. Филмот требаше да излезе на 9 декември и беше на сите веб-страници на кината.

Иако објаснувањето е непотврдено, регионалните извори тврдат дека одлуката е донесена поради ликот Anybodys, кој е преставен како трансродова личност во нова адаптација и кој го игра актерка Ајрис Менас.

Имајќи предвид дека хомосексуалноста е официјално нелегална низ Персискиот Залив, филмовите што содржат каква било референца за LGBTQ честопати потпаѓаат под цензура.

„West Side Story“ ја доживеа истата судбина како и претходниот хит на Дизни – „Etenrals“, кој минатиот месец беше исфрлен од репертоарот низ целиот регион поради вклучувањето на првиот геј суперхерој, Фастос (го игра Брајан Тајри Хенри), а особено поради сцена во која тој споделува бакнеж со нејзиниот сопруг на екранот, Бен (Хаз Слејман).

Што се однесува до „West Side Story“, цензорите поставија барања за промена на содржината, што Дизни го одби. Филмот на крајот пристигна во кината во ОАЕ, но Дизни ги отстрани сите сцени на интимност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!