Вие имате прво да ја знаете вистината

Што откри кинескиот ровер на темната страна од Месечината !? Мистериозна појава во облик на коцка ги збуни научниците! (фото)

Кинескиот ровер, Yutu-2 забележа необична фигура и изглед на темната страна на Месечината, што заинтригира многумина.

Имено, најновите снимки кои роверот ги снимил на северниот хоризонт покажуваат објект во облик на коцка, кој на социјалните мрежи веќе го добил името – Месечева коцка.

Роверот Yutu-2 се упати кон објектот/фигурата, во обид да го долови подобро и да добие попрецизни податоци, но и да ја исклучи можноста дека се работи за оптичка илузија, или дамка. Научниците претпоставуваат дека, тоа се однесува на одредена карпа, и дека тоа е создадено како последица на удар.

Тим научници очекува роверот да има попрецизни податоци за два до три лунарни дена, што е околу два или три месеци на Земјата, толку време ќе биде потребно за да се приближи над нерамна површина на Месечината, додека избегнува кратери.

Овој ровер слета на Месечината во јануари 2019 година, а оваа сцена ја забележал во ноември, или за време на неговиот 36-ти лунарен ден.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!