Вие имате прво да ја знаете вистината

Водоинсталатер открил пари украдени во 2014 година во црковен тоалет за време на работа. Успеал да реши проблем на црквата стар повеќе години!

Пред седум години, 200.000 долари во готовина и 400.000 долари во чекови беа украдени од сефот на црквата Лејквуд, мега-црква во Хјустон, управувана од истакнатиот телевизиски евангелист Џоел Остин. А минатиот месец, на 10 ноември, парите беа откриени – не од детективи или црковен персонал – туку од водоинсталатер кој бил повикан да поправи тоалет во црковната бања!

Ја тргнавме плочката и почнавме да работиме на проблемот во тоалетот, а кога ја отстранив изолацијата од ѕидот, испаднаа околу 500 пликови! Веднаш стапив во контакт со надзорникот за одржување, по што ги предадов пликовите на црквата – изјави водоводџија Џастин во утринската емисија на 100,3 FM радиото во Хјустон.

Полицијата во Хјустон во петокот потврди дека откритието е поврзано со кражба во 2014 година. Бидејќи парите биле пронајдени на имотот на Лејквуд, тие биле наведени и документирани и оставени на црквата, соопшти полицијата, додавајќи дека истрагата продолжува.

Кражбата од црковниот сеф во 2014 година ја открил вработен во црквата. Црквата Лејквуд тогаш соопшти дека средствата се целосно обезбедени.

Со нашата осигурителна компанија работиме на враќање на украдените средства во црквата, соопштија тие. Црквата и непрофитната организација Crime Stoppers of Houston понудија 25.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на одговорните за кражбата.

Би можел да искористам некаков надомест, низ смеа изјави водоинсталатерот, коментирајќи ги наводите за наградата.

Шегата на страна, во ниту еден момент не ми падна на памет да ставам едно од пликовите во џеб. Јас сум чесен човек – додава тој.

Тоа беше без сомнение најуникатниот и најневеројатен телефонски повик што сум го имал во мојата 25 годишна радио кариера! Во средината на емисијата, отидовме на рекламна пауза за да потврдиме дека соговорникот не се шегува. Кога се уверивме дека ја кажува вистината, му дозволивме да ни ја каже својата приказна во етерот.

Верувам дека водоинсталатерот мора да бил разочаран и фрустриран затоа што никој од црквата или полицијата не го контактирала откако го нашол скривалиштето на 10 ноември. Никој не му се заблагодарил, ниту му се јавило на момчето што го реши нивниот случај што трае седум години – изјави радио водителот Џорџ Линдзи.

Откако поминала една година од кражбата, а случајот не бил разрешен, црквата донирала 20.000 долари на Crime Stoppers. Тие сè уште имаат 5.000 долари од наградата, но тие беа подготвени да ги дадат парите само за информации што им помогнаа на истражителите да го идентификуваат, обвинат или уапсат осомничениот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!