Вие имате прво да ја знаете вистината

„Воени сцени“ на трибините за време на фудбалските натпревари од домашната белгиска лига! Навивач обвинет за обид за убиство (видео)

Фудбалскиот сојуз на Белгија ги нарече настаните од натпреварите Бершот – Антверпен и Стандард – Шарлроа како воени сцени и прозорец кон војна.

На теренот упаднаа мажи со качулки. Тоа беа воени сцени и сликите се шокантни, а натпреварот Стандард – Шарлроа не можеше да се одигра до крај – соопштуваат од Брисел.

Министерката за внатрешни работи, Анелис Ферлинден го осуди однесувањето на хулиганите, велејќи дека тие ја загрозуваат безбедноста на многумина и најави строги санкции.

Натпреварот помеѓу Стандард и Шарлроа беше прекинат во неделата во 88. минута откако од трибините беа фрлени бројни димни бомби, а на теренот упаднаа неколку десетици навивачи на тимот од Стандард.

Навивачите на екипата на Стандард се озлогласени надвор од Белгија. Кога нивниот поранешен играч Стивен Дефур се пресели во нејзиниот најголем ривал Андерлехт во 2015 година, тие го поздравија на трибините со транспарент на кој му ја обезглавија главата.

Претходно на дербито во Антверпен, навивач на противничката екипа го претрча целиот терен и фрли факел на трибината каде што беа навивачите на Антверпен.

Тој е обвинет за обид за убиство, а белгискиот Фудбалски сојуз ги повика клубовите да водат политика на нулта толеранција кога станува збор за употреба на пиротехнички средства.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!