Вие имате прво да ја знаете вистината

Борисов: ГЕРБ нема да ја поддржи владата на Кирил Петков

Лидерот на најголемата парламентарна опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека в понеделник, кога ќе се гласа за новата влада на Бугарија во Народното собрание, тие нема да ја поддржат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, владата во која е Бојко Рашков (технички министер за внатрешни работи) и мрачен шеф на комунистичката истражна служба и кандидат на БСП за државен обвинител, нема да добие поддршка од ГЕРБ во собраниската сала.

Тој предвиде дека новата влада ќе биде катастрофа за Бугарија, објаснувајќи дека е зависна и неспособна. Борисов ги даде овие коментари на состанокот со младинската организација на ГЕРБ во планинското одморалиште Пампорово.

Сега, според Борисв, на ГЕРБ и е потребна идеологија повеќе од кога било. Во моментов ГЕРБ може да се врати на својата идеологија и на патриотска партија, бидејќи тоа се докажала, рече тој. Според него, „основата на оваа партија се христијанските вредности и она што го вели Црквата“.

Тој посочи дека патриотските, конзервативните, христијанско-демократските, христијанските вредности – сето тоа е приоритет и лице на ГЕРБ.

Според него, тие ги почитувале правата на сите – и на другите етнички групи, и на другите религии, и на неистомислениците и на луѓето со друга сексуална ориентација.

Борисов најави дека против Киро и Асен (Кирил Петков, иден премиер на Бугарија, и Асен Василев, кој ќе биде прв вицепремиер и министер за финансии во новата влада) ќе застанат армија луѓе со подобри биографии, поубави и попаметни, и тоа од денеска ќе почне да го демонстрира, таргетирајќи ги младите во ГЕРБ.

Извор:МИА

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!