Вие имате прво да ја знаете вистината

Воена метода која ќе ви помогне да заспиете за само две минути

Овие навики треба да се практикуваат секојдневно, резултатите се гледаат по шест недели.

Сите понекогаш се наоѓаме во ситуација кога не можеме да заспиеме и сме толку исцрпени што би дале се само за да заспиеме. Добрата вест е дека постои метод за кој дури и најголемите скептици тврдат дека може да работи и да ни помогне да заспиеме за помалку од две минути.

Ефикасност беше развиена и тестирана во војската на САД, за да се реши проблемот со преуморните и исцрпените војници, па оттука и потекнува името. Методот помага брзо да заспиете без разлика каде се наоѓате, а кога ќе се разбудите се чуствувате одморени и полни со енергија.

Треба да се практикува секојдневно, резултатите се гледаат по шест недели, а наводно делува кај 96 отсто од оние кои го пробале. Детално овој метод е објаснет уште во 1981 година во книгата на Лојд Бад Винтер – Опушти се и победи. Всушност ова е варијација на прогресивна мускулна релаксација, која нагласува помагање за ублажување на мускулната тензија и опуштање на телото, што пак помага во активирање на парасимпатичниот нервен систем на нашиот начин за одмор и закрепнување.

Доктор Џес Андраде, популарна докторка и јутуберка која споделува совети и за популарната социјална мрежа ТикТок, каде што ја следат 1,4 милиони луѓе вели дека тоа е ефикасен метод изучуван во ситуации на несоница или анксиозност. Не чини ништо – па зошто да не го пробате ?

Како функционира методот?

1. Опуштете го целото лице, вклучувајќи ги сите мускули и јазикот, од вилицата до внатрешноста на устата. Полесно е ако прво ги затегнете сите мускули, а потоа ги опуштите.

2. Спуштете ги рамената за да ја ослободите секоја напнатост и оставете ги рацете да паѓаат опуштено од страната на телото.

3. Издишете, опуштете ги градите и фокусирајте се на здивот. Чувствувајте се како нозете, бутовите и колковите се релаксираат.

4. Исчистете го умот десет секунди, замислувајќи релаксирачка сцена. Ако тоа не функционира, обидете се да ги кажувате зборовите „не размислувај“ одново и одново 10 секунди.

5. Треба да заспиете во рок од десет секунди, но на почетокот кога штотуку сте почнале да вежбате, тоа може да потрае и до неколку.

Треба да се обидете и да бидете трпеливи неколку недели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!