Вие имате прво да ја знаете вистината

Историска средба: Пикси и Марчело Липи на плажа во Доминиканската Република -навивачите на српскиот тренер му порачаа само едно нешто

Каква историска средба на две фудбалски легенди…

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси (кој ги донесе српските фудбалери до Светското првенство во Катар) и познатиот италијански селектор Марчело Липи (кој со „азурите“ го освои светскиот трон во 2006 година на Мундијалот во Германија) уживаат на егзотична дестинација.

Фотографијата е направена на плажа во Доминиканската Република, топло место кое тие двајцата го избраа во овие студени денови за да ги наполнат батериите за предизвиците што претстојат.

По објавувањето на оваа фотографија, многу корисници на социјалните мрежи му порачаа на Пикси само едно – да го направи во Катар она што го направи Липи во Германија! Така оваа средба ќе стане – историска!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!