Вие имате прво да ја знаете вистината

Колинда Грабар-Китаровиќ објави фотографии од Дубаи, рој од коментари: Секој ден се поубава

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ на социјалните мрежи се пофали со фотографии од саемот Експо што се одржа во Дубаи.

На една од фотографиите Колинда позираше пред Невера на Римчев.

Поранешната хрватска претседателка облече кариран фустан со ремен кој ја истакна нејзината половина, а многу следбеници ја пофалија во коментарите.

„Изгледаш се подобро и подобро“, „Топ“, „Прекрасен фустан“, „Секој ден поубава“, „Храбра и успешна жена“, ѝ порачаа нејзините следбеници под објавата.

Покрај службените патувања, Колинда на социјалните мрежи споделува и моменти од приватниот живот.

Така таа неодамна привлече големо внимание со фотографии на кои покажа како ја слави победата на „Ватрените“ против Русија, со која Хрватска избори пласман на Мундијалот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!