Вие имате прво да ја знаете вистината

Политичар гол на состанок: Ги соблече панталоните пред колегите, цел свет му се смее

Во една од најголемите непријатности што се случија од почетокот на пандемијата, кога се во прашање сè попопуларните повици на Зум, рускиот политичар се соблече и се тушираше откако не ја исклучи камерата на Зум за време на дисциплинскиот состанок. На видеото може да се види како Максим Петлин (48), член на антикремелската партија Јаблоко станува од своето биро, се соблекува и парадира пред камерите во неговата куќа во Екатеринбург.

Останатите учесници на состанокот се обидоа да не се фокусираат на Петлин и ја продолжија средбата како ништо да не се случило. Но видеото од дисциплинската расправа протече на социјалните мрежи. Запрашан за наводниот „срам“ како што го нарекоа руските медиуми, Петлин рече: „Дали се појавив гол? Каква глупост е ова? Денеска беше состанокот преку интернет. Не се сеќавам дека сум се појавил гол“, саркастично одговори тој.

Од неговата партија не се огласија за оваа мала „несреќа“. Пред осум години истата партија застана на страната на тогашниот пратеник од Екатеринбург кога беше обвинет за изнуда и осуден на три години затвор.

Партијата соопшти дека случајот е „наместен“ од властите и дека Петлин е „политички затвореник“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!