Вие имате прво да ја знаете вистината

Протече приватно видео на почитичар од Бања Лука! Ме уценуваа и Бараа половина милион марки од мене

Откако денеска во јавноста се појави видеото со порнографска содржина на советникот на Партијата за демократски напредок (ПДП) во Собранието на Бања Лука, Иван Бегиќ , тој проговори за тоа, велејќи дека одредено време бил уценуван, што довело до неговата повреда на ментално здравје.

Станува збор за снимка која не ја објави ниту еден медиум во Босна и Херцеговина, но е испратена до многу новинари и јавни личности. Ова видео од утрово кружи во приватни разговори на социјалната мрежа Вибер, Месинџер и други апликации.

Тој реши се да објави, свесен дека снимката наскоро би можела да биде објавена и на интернет.

После месеци поминати со уцени, психичко малтретирање и закани, денеска беше објавено моето приватно видео кое преку партиските бази на нашите противници се испраќа до граѓаните и се шири на социјалните мрежи. Поради истото видео од мене побараа половина милион марки од мене. Поради сето тоа денеска повторно сум кај психијатар и не се чувствувам добро, изјави Бегиќ.

Тој говори за валканата игра на политичките противници и дека тоа видео им било испратено на неговите родители на кои здравствената состојба им била сериозно нарушена.

Иако верувам дека секој има право на приватност, свесен сум за одговорноста што ја имам како јавна личнпст, затоа се повлекувам од политиката, го предавам советничкиот мандат и ја напуштам ПДП, изјави тој.

Освен што ја компромитира снимката на Бегиќ, видеото содржи и дел кој сака да инсинуира дека другата личност во видеото (чие лице не се гледа) е всушност градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, но Бегиќ тоа го демантираше.

Силно демантирам дека видеото има некаква врска со моите соработници или некој од јавниот живот, изјави Бегиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!