Вие имате прво да ја знаете вистината

Серија торнада ја упостошија Америка, најмалку 50 мртви, направена е огромна штета

Најмалку 50 луѓе го загубија животот во разорното торнадо во американската сојузна држава Кентаки, изјави гувернерот, Енди Бешеар.

Се плашам дека има повеќе од 50 мртви во Кентаки. Веројатно сме поблиску до бројка од 70 до 100 мртви. Тоа е страшно – изјави Бесир на прес-конференцијата.

Бројните торнада и бури што синоќа ги погодија американскиот Северозападен и Југоисточниот дел, усмртија повеќе луѓе и предизвикаа големи штети. Оштетени се многу фабрики, помеѓу кои и фабрика за свеќи во Кентаки, складиште на Амазон во државата Илиноис, дом за стари лица во Арказас и многу куќи и згради.

Зафатени беа државите Арканзас, Кентаки, Мисури, Илиноис и Тенеси.

Гувернерот Башир изјави дека ситуацијата е трагична, и дека имало околу 110 луѓе во погодената фабрика за свеќи во Мејфилд за време на торнадото, како и дека има уништени згради во неколку области во таа држава. Тој пред полноќ прогласи вонредна состојба во Кентаки.

Најмалку три лица го загубиле животот во Тенеси, едно лице во северниот дел на Арканзас, а најмалку пет се повредени кога е оштетен покривот на дом за стари лица.

Властите на Илиноис соопштија дека голем број луѓе останале заробени во магацинот на Амазон кога се урна дел од покривот. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!