Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појави нова фотографија од Петaр Грашo и Хана Хуљиќ, а со нив се дружеше и Тончи

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата нова девојка Хана уживаа во Адвент во Загреб, а со нив беше и таткото на Хана, Тончи Хуљиќ.

На Фејсбук страницата Фулирање беше објавена фотографија на која позира еден од најпопуларните парови во регионот, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, таткото на Хана Тончи Хуљиќ, глумицата Наташа Јанјиќ и актерот Славко Собин.

„Љубовта секогаш треба да се поддржува“, „Љубов и само љубов“, „Тие се многу слатки заедно“, „Супер тим“, напишаа следбениците под објавата која собра стотици лајкови.

Потсетуваме, по раскинувањето на врската со Данијела Мартиновиќ, 45-годишниот Петар Грашо стапил во контакт со 14 години помладата Хана.

„Многу сме среќни и задоволни и така треба. Хана е многу добро. Бидејќи многу го кријам приватниот живот, дознав дека медиумското внимание е уште поголемо“, изјави неодамна Грашо за ИН Магазин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!