Вие имате прво да ја знаете вистината

Обожавателите ја критикуваат ѕвездата на „Сексот и градот“ за естетски зафати: Трепкајте ако ве киднапираа

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Кристин Дејвис, од стартот на продолжението на серијата ги шокираше фановите со својот „нов“ изглед.

Во обид да го задржи младешкиот изглед, актерката која го отелотвори ликот на симпатичната Шарлот, се заљуби во естетските корекции на лицето.

На неодамнешната премиера на продолжението „And Just Like That“, наместо да го забележат нејзиниот фустан, фановите се фокусираа на драстичната фацијална промена.

Интернетот беше преплавен со коментари, а малкумина од нив беа со пофални зборови.

„Што по ѓаволите направи Шарлот со нејзиното лице“, „Те молам ослободете ја Кристин од клетвата што ја натера да го направи ова“, „И исто така.. нејзиното лице е непрепознатливо“, „Грозно“, „Вратете ни ја Шарлот“, Трепкајте ако ве киднапираат“, се само дел од коментарите.

„Апсолутно разбирам дека средовечните жени се изложени на притисок поради стареењето, но ова е навистина премногу. Кристин воопшто не личи на себе“, е еден од коментарите.

„Мислам дека ја боли и да се смее“, заклучил друг корисник на Твитер.

Посебно е интересно што актерката во едно интервју во 2018 година изјави дека е задоволна од својот изглед и дека не сака да го менува. Напомена и како се плаши од игли, процедури и непоправливи резултати.

Сепак, изгледа дека се предомислила.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!