Вие имате прво да ја знаете вистината

Австралиската федерална полиција годинава уништи 25 тони дрога

Австралиската федерална полиција соопшти дека оваа година се уништени околу 25 тони дрога во рамки на програмата за уништување на нелегални супстанци.

Дрога вредна околу пет милијарди австралиски долари (3,16 милијарди евра) била уништена во специјални печки низ Австралија, откако федералната полиција го зголемила притисокот врз криминалците кои се обиделе да внесат дрога во земјата, објави „Индепендент“.

Запленети се метамфетамин, МДМА, амфетамин, со тежина од над 20 тони. Уништени се и 1,3 тони кокаин и 2,2 тони канабис. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!