Вие имате прво да ја знаете вистината

Австрија го укинува карантинот за вакцинираните: Се отвораат ресторани и кафулиња во некои делови од земјата

Во Австрија денеска се укинува четвртата забрана за движење на вакцинирани лица, три недели по воведувањето строги правила за сузбивање на епидемијата на коронавирус.

Во некои области денеска се отвораат ресторани и хотели, а во други делови од земјава се најавуваат кон крајот на месецот.

Мерките како задолжително носење маски во јавниот превоз, продавниците и јавните установи остануваат на сила и за вакцинираните и за лицата кои неодамна прележале Ковид-19.

Рестораните нема да можат да работат по 23 часот, а ќе остане на сила ограничувањето на бројот на луѓе на културните манифестации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!