Вие имате прво да ја знаете вистината

Германскиот канцелар Шолц денескА во ПолскА: НА ДНЕВЕН РЕД мигрантите , Северен тек 2 и Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денес зминува за Варшава за да разговара за мигрантската криза на полско-белоруската граница, спорот за владеење на правото меѓу Полска и Европската унија, тензиите меѓу Русија и Украина и судбината на рускиот гасовод до Германија.

По Париз и Брисел, Варшава е третата европска престолнина што Шолц ќе ја посети откако стана германски канцелар.

Германија и Полска јасно ставија до знаење што очекуваат една од друга. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека ќе го повика Шолц да се спротивстави на лансирањето на гасоводот Северен тек 2, кој ги поврзува Русија и Германија и ја заобиколува Украина.

Германија ги поддржа напорите на Полска да го запре приливот на мигранти од Белорусија и рече дека тоа ќе им помогне на Варшава и Брисел да најдат решение за спорот за владеењето на правото во Полска.

Но, новата германска влада досега јавно не вети дека ќе го затвори гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина, како што тоа го бараат Варшава и Вашингтон.

Русија распоредува војници долж границата со Украина, а американскиот претседател Џо Бајден му се закани на рускиот претседател Владимир Путин со остри економски санкции доколку руската војска ја нападне соседна земја.

Американските власти им кажаа на членовите на Конгресот дека Германија треба да е подготвена да го затвори гасоводот Северен тек 2 во случај на руска инвазија на Украина, изјави во вторникот висок претставник на Конгресот.

Германските власти не ги потврдија написите, но Шолц во средата рече дека Русија ќе ги трпи последиците ако посегне по Украина.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во петокот беше во Варшава и зборуваше со помирувачки тон за спорот на Полска со Брисел и рече дека Германија ќе помогне да се најде решение.

Варшава и Брисел се во отворен конфликт околу контроверзната судска реформа спроведена од владејачката конзервативна националистичка Партија на правото и правдата (ПиС).

Судот на ЕУ ја осуди Полска на парична казна бидејќи не се откажува од контроверзната реформа, која е спротивна на законодавството на Унијата, според претходната одлука на тој суд. Но, Полска одби да ја плати казната, а највисокиот суд на Полска го оспори приматот на европското право.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!