Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОНЧИЌ БЛЕСка НА ТЕРЕНот, НО ЗНАЕ ШТО му смета да биде уште ПОДОБар: Морам да ослабам!

Словенецот вели дека се опуштил по Олимпијадата

Кошаркарите на Далас Маверикс се во очајна форма, а како потврда за тоа го претрпеа осмиот пораз во 10 меча и тоа од Бруклин Нетс .

По тој натпревар првата ѕвезда на тимот Лука Дончиќ призна дека има проблем со килограмите. Тој аспект, како што истакна, мора да се коригира.

Бев бавен на теренот. Морам да ослабам – изјави словенечкиот кошаркар.

Свесен е дека и другите го забележуваат тоа.

Знам дека луѓето зборуваат за тоа и знам дека морам да го поправам – изјави Дончиќ кој во тренинг кампот пристигна со повеќе од 117 килограми втора сезона по ред, иако неговата идеална тежина е 104 килограми.

Имав тешко лето. Играв на Олимпијадата, земав три недели одмор и се опуштив. Морам да се вратам во форма – заврши Дончиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!