Вие имате прво да ја знаете вистината

До 18:00 часот гласале над 40.000 членови на СДСМ, односно 78,5 отсто од регистрираните

На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните.

-Гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини. СДСМ избира претседател на очиглед на целата македонска јавност. По затворањето на гласачките места во 19:00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од  вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.

Со спроведување внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ, како што посочуваат оттаму, поставува највисоки стандарди во македонската демократија. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!