Вие имате прво да ја знаете вистината

Жената на Алек Болдвин ја изнесе вистината во јавноста: Тој одамна боледува од истата болест

Инструкторката по јога Хилари Болдвин (37), сопруга на актерот Алек Болдвин, реши да зборува по трагедијата во која нејзиниот сопруг пукаше во Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза за време на снимањето на „Рѓа“.

– Мојот сопруг моментално боледува од ПТСН (посттрауматско стресно растројство). Тоа не е само поради она што се случи неодамна, тој страда од тоа многу, многу, многу долго време“, изјави Хилари, цитирана од „Пипл“.

-Проблемот е што ако не кажеш ништо, им даваш простор да зборуваат за тебе, а твојот молк понекогаш им кажува дека тие можат да ја кажат твојата приказна наместо тебе – продолжи Хилари.

Таа објасни дека не сака секогаш да зборува за настани и глупости на социјалните мрежи.

– Уморна сум од тишината и сакам да го искористам својот глас за да покажам дека со ова не се соочуваат само познатите личности. Секој има „тролови“, луѓе кои сакаат да ви кажат дали сте добри или лоши или што мислите или чувствувате – рече инструкторката по јога и им порача на сите:

„Имате свои граници, знаете кога да престанете, но можете и понекогаш морате да ја кажете својата верзија од приказната-вистината“. рече Хилари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!