Вие имате прво да ја знаете вистината

играше за македонски клуб, беше голем шампион на поранешна Југославија, а сега заврши на психијатрија бидејќи украде такси и ја претепа сестра му!?

Драган Лабовиќ , поранешниот југословенски и српски кошаркарски репрезентативец кој беше уапсен под сомнение дека му го му украл автомобилот по расправија со таксистот, откако бил испрашуван во полиција и пуштен на слобода, ја нападнал и својата сестра!

Белградски Курир открива дека по тој напад Брзата помош го прегледала и по наредба на обвинителството го префрлила во психијатриската установа на д-р Лаза Лазаревиќ.

Лабовиќ чудно се однесувал на првиот распит во полиција, па била повикана брза помош која тогаш го прегледала. Констатирано е дека нема потреба од хоспитализација, по што е пуштен на слобода, а во редовна постапка требало да биде поднесена кривична пријава за кражба на автомобил, објаснува соговорникот на Курир.

Но, според него, полицијата набрзо морала повторно да интервенира бидејќи неговата сестра кај која дошол пријавила семејно насилство.

Полицијата повторно повика Брза помош за да помогне, поради невообичаеното однесување на Лабовиќ во куќата. Потоа бил однесен во психијатриска установа каде треба да помине 15 дена, по што би можел да биде префрлен во притвор поради семејно насилство, открива соговорникот на белградски Курир и додава дека претходно бил направен протокол меѓу психијатриската установа и обвинителството, според кој се постапува во вакви и слични случаи на семејно насилство.

Ова не е прв пат Лабовиќ да се најде во центарот на скандал, бидејќи и претходно беше актер во инцидентот.

Инаку, Лабовиќ важеше за еден од најголемите таленти во својата генерација бидејќи беше МВП на светскиот шампионат за играчи до 18 години. Капитен на таа екипа беше Милош Теодосиќ. Во еден дел од својата кариера Лабовиќ играше и за екипата на Карпош Соколи кога таа се натпреваруваше со АБА лигата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!