Вие имате прво да ја знаете вистината

Илјадници хектари земјоделско земјиште под вода, поплавени куќи, евакуирани семејства: Се влошува состојбата во Албанија

Се влошува состојбата со поплавите во Албанија, каде илјадници хектари земјоделско земјиште се под вода, поплавени се куќи, евакурани цели семејства.

Со цел справување со стуацијата вклучени се армиските и полциски сили, како и медицински екипи со возила за брза помош.

Посебно критична е состјбата по течението на реката Вјоса која е излезена од своето корито во повеќе населени места во Валона и Фиер, каде поради виското ниво на вода не може да се минува преку неколку мостови.

Во Новосело спасувачките екипи евакураа повеќе семејства, дел од нив неколкучасови биле на покривот на поплавените куќи.

Надојдената река Сушица поплави куќи, а урна и мост во општина Химара.

– Под вода се повеќе илјади хектари земјоделско земјите. Нема граѓани во опасност, навреме се евакуран, а во тек се активности за евакуација и на добитокот. Сите расположливи сили се на распогање во заштита на животот на граѓаните и имотот, истакна Хаки Чако, директор на дирекцијата за заштита и спасување.

Во повеќе делови од земјата, главно во северниот и источнот дел, поради високата снежна покривка блокирани се неколку населени места, кои се и без елекрична енергија, поради искинати електропрводници од тежината на влажниот снег. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!