Вие имате прво да ја знаете вистината

Нова Каледонија по трет и последен пат на референдум за независност

Нова Каледонија денес по трет и последен пат прогласува независност од Франција на референдум, по кампањата која беше обележана со барањата на поборниците за независност француските судови да го одложат гласањето поради пандемијата на Ковид што би го загрозило слободното изразување.

На Нова Каледонија, која се наоѓа на приближно 2.000 километри источно од Австралија, ѝ беше дозволено со договор од 1988 година да одржат три референдуми за независност за да ги намалат тензиите во архипелагот на Пацификот.

Откако референдумите во 2018 и 2020 година го отфрлија отцепувањето од поранешните колонијални владетели, 185.000 гласачи повторно ќе бидат прашани „Дали сакате Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна?“

Во позадина на гласањето се сè позаладените односи меѓу Париз и неговите сојузници во регионот.

Австралијците ги налутија Французите со откажување на договорот за купување подморници во септември за да склучат безбедносен пакт со Велика Британија и САД.

Зад овие спорови, улогата на Кина во регионот расте, а експертите сметаат дека независна Нова Каледонија би можела да биде предмет на влијание на Пекинг, а мотивација за тоа е интересот на Кина за нивната рударска индустрија.

Кина досега беше најголемиот увозник на новокаледонски металуршки производи, особено на никел.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!