Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин работел како таксист: Не ми е пријатно да зборувам за тоа, за жал таква беше ситуацијата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека морал да работи како таксист во 1990-тите.

Инсертот на документарниот филм „Современа историја“, кој беше прикажан на телевизијата „Русија 24“, зборува за тешката економска ситуација во која се најде Русија во последните децении од минатиот век.

Како физички работници работеа голем број висококвалификувани експерти – научници, адмирали, разузнавачи.

„Порано морав да работам како таксист. За жал, не ми е пријатно да зборувам за тоа, но таква беше ситуацијата“, рече Путин.

Во 2018 година Путин спомна дека уште во 1996 година размислувал да работи со скратено работно време како таксист, откако неговиот тогашен шеф Анатолиј Собчак ја загуби изборната трка за градоначалник на Санкт Петербург.

Како висок советник на Собчак, тој ја водеше неговата кампања за реизбор. Сепак, претседателот во таа прилика не потврди дека навистина седнал зад воланот за да си ги подобри околностите.

По поразот на Собчак, на Путин му била понудена работа во претседателската администрација во Москва, што тој го прифатил.

Во документарецот Путин „фрли“ уште една бомба. Тој рече дека сигурно знаел дека „барем еден оперативец на ЦИА“ работел како советник на руската влада во 1990-тите кои ги „исчистил“ кога ја презеде претседателската функција.

Путин тогаш изјави дека во доцните 1990-ти добил понуда од претседателската администрација да се пресели во Москва, која не можел да ја одбие бидејќи во тоа време бил без работа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!