Вие имате прво да ја знаете вистината

Силна ДЕТОНАЦИЈА: Неколку згради се урнаа по силна експлозија на Сицилија, двајца загинаа, неколку се исчезнати

Најмалку две лица загинаа откако истекување на метан предизвика експлозија која урна неколку згради на Сицилија, соопштија утрово од италијанската служба за итни случаи.

Две тела се извлечени од урнатините, две жени се спасени, а седум лица се водат како исчезнати, соопшти Сицилијанската цивилна заштита (DRPC Sicily).

„Голем број згради“ се урнаа по експлозија во саботата околу 20.30 часот во Равануса, околу 110 километри југоисточно од Палермо, соопшти ДРПЦ.

Според новинската агенција АНСИ, три згради се урнале, а уште три биле оштетени.

АНСА ги цитираше пожарникарите дека истекувањето на гас е „многу значајно“ и почнало под земја.

„Експлозијата можеби е предизвикана од активирањето на лифтот“, изјави за агенцијата Џузепе Мерендино од противпожарната бригада на Агриџенто.

„Ќе истражуваме дополнително во наредните денови, но сигурно е дека ваквата експлозија е исклучителен настан“, објасни тој.

Првата жена била спасена од зграда „најверојатно до погодените од несреќата“.

Таа се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница каде и биле констатирани „скршеници“, соопшти итната помош.

Друга жена, која рече дека и е сестра, беше извлечена од урнатините неколку часа подоцна, рече Салво Кочина, командант на ДРПЦ Сицилија.

Новинската агенција АНСА ја цитираше цивилната заштита дека меѓу исчезнатите се две деца и една трудница која треба да се породи во среда.

На местото на несреќата се наоѓаат цивилна заштита, пожарникари и кучиња трагачи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!