Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал во Шпанија: Поранешен тренер на Барселона обвинет за сексуална злоупотреба на деца

Поранешниот тренер на Барселона, Алберт Банаџас е обвинет за злоупотреба на деца.

Имено, тој беше тренер во помладите категории на Барселона од 1991 до 2003 година, а на почетокот на декември ја напушти тренерската функција во клупската академија, наводно поради приватни причини.

Тој негираше дека е виновен за обвинувањата со кои се соочи, а ситуацијата е доста сериозна, објави „Новости“.

Еден од играчите кои пораснаа под окото на обвинетиот Шпанец е легендата на клубот и актуелен тренер Чави.

“Немам информации дека имало такви настани, што не значи дека не се случиле. Тој ми беше тренер и никогаш не се сомневав во ништо. Многу сум изненаден и шокиран. Сите во стручниот штаб го сакаат Алберт и секогаш сме имале добри односи, правниот систем ќе треба да одлучи“, изјави вознемирено Чави.

Алберт Банаџас осум години од својата тренерска кариера помина надвор од Барселона кога се испроба во странство. Тој се врати во клубот во април годинава, но по седум месеци поднесе оставка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!