Вие имате прво да ја знаете вистината

Терористи во Сомалија убиле 4 мировници

Најмалку четворица војници на мировната мисија на Африканската унија во Сомалија (АМИСОМ) се убиени во двоен бомбашки напад на терористите на Ал Шабаб.

Неименуван претставник на АМИСОМ изјави за Анадолија дека нападите се случиле во регионот Махадаи и дека целите биле мировници од Бурунди.

Терористите на Ал Шабаб во саботата извршија и бомбашки напад во сомалискиот регион Џохар, при што едно лице загина, а пет беа ранети.

Сомалија во моментов се соочува со длабока политичка и безбедносна криза, а најголема безбедносна закана е терористичката група Ал Шабаб.

Како дел од мисијата АМИСОМ во Сомалија, со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации беа ангажирани близу 20.000 војници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!