Вие имате прво да ја знаете вистината

ТОЈ ИМАШЕ САМО 15 ГОДИНИ, ТАА МУ БЕШЕ наставничка! Емануел Макрон е дури 24 години помлад од сопругата, неговите родители биле ПРОТИВ!

Претседателот на Франција и неговата сопруга Брижит Троње со години привлекуваат големо внимание во јавноста поради нивната необична љубовна приказна.

Брижит во неговиот живот влегла кога имал само 15 години, прво му била наставничка, па љубовница, а на крајот станала сопруга на Претседателот на Франција.

Посебно внимание во нивната љубовна приказна привлекува фактот дека е таа постара од него – дури 24 години. Тие ја започнаа својата врска во 1990-тите. Како што истакна, додека била учителка, вниманието и го привлекло едно младо момче кое глумело во претстава – тоа бил Емануел, на кого веднаш му пристапила да му помогне во работата на еден текст, а потоа почнале да градат врска.

Тогаш 39-годишната наставничка била „целосно маѓепсана“ од интелигенцијата на Емануел, а чувствата биле обострани, а два месеци подоцна, како 17-годишник, и ветил дека ќе сее ожени со неа „што и да прави“.

Таа тогаш беше мажена, иако се гледаше со Макрон, а на крајот се разведе и се омажи за Емануел во 2007 година, но продолжи да работи и како учителка во Париз.

Новата биографија на францускиот претседател Емануел Макрон откри дека неговите родители биле шокирани кога откриле дека нивниот тогаш 16-годишен син има афера со својата омажена наставничка.

Неговите родители и се заканувале на Брижит да се држи подалеку од него додека не му помине заљубеноста, а таа одговорила дека не може ништо да им вети. Емануел бил испратен во Патиз, но пред да замине и ветил дека ќе се ожени со неа. Тие одржуваа врска на далечина неколку години, до 2006 година, кога Брижит конечно се разведе, а следната година стана госпоѓа Макрон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!