Вие имате прво да ја знаете вистината

Анастасија Ражнатовиќ искрено проговори за нејзиното детство: За прв и последен пат се степав во училиштето поради мојата мајка

Младата пејачка, Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата и откри дека за прв и последен пат во животот се степала на училиште поради нејзината мајка, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Се сеќавам на моите училишни денови кога мајка ми беше во домашен притвор со каишка на ногата. Имав 12 години и се преправав дека сум целосно луда и дека не знам ништо. Како ништо да не се случува, а медиумите беа толку гласни и тоа беше актуелна тема. Мајка ми беше на сите насловни страници. Се пишуваше што ќе биде, што не. Ќе ни ја одземат куќата, ќе и го одземат старателството врз нас. Имав среќа што во училиштето немаше злонамерни деца што ќе ме викаат по грдо име. Всушност, имаше една девојка – се присети Анастасија во нејзиното неодамнешно интервју за една балканска емисија.

Тогаш првпат се скарав во училиште, бидејќи таа ја навреди мајка ми. Таа кажа нешто за домашниот притвор. Иако сум мирна и присебна, кога се работи за семејството и кога се случуваше таков хаос, бев многу бесна. Кога некој ќе удри по мајка ти, а ти ја имаш само таа, додава Анастасија.

Младата пејачка изјави дека поради тоа се многу изнервирала и била видно бесна.

Ми напиша во петокот преку интернет, а јас во понеделник ја најдов на училиште и ја удрив, се каравме. Сите беа шокирани бидејќи јас никогаш не бев дете кое предизвикува проблеми. После тоа, многу брзо, мајка ми реши да не однесе на Кипар и да не излира од јавноста – изјави Анастасија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!