Кинескиот претседател Си Џинпинг, планира да одржи состанок со рускиот претседател, Владимир Путин на 15 декември преку видео конференција, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуе Чунјинг.
Меѓутоа, во изјавата од министерството не се наведуваат други детали и теми за кои ќе се разговара на онлајн средбата.
На 28 јуни, кинескиот и рускиот лидер одржаа претходна средба преку видео конференција, која беше посветена на 20-годишнината од руско-кинескиот договор за добрососедски односи, пријателство и соработка.