Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Франција затворени уште 21 џамија! Дали државата покажува екстремистички знаци !?

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, изјави дека дополнително уште 21 џамија во државата се затворени, што покажува екстремистички знаци.

Министерот за внатрешни работи на Франција, гостувајќи во француската телевизија LCI изјави дека неодамна извршиле инспекции во 99 џамии поради сомневање за екстремизам.

Наведувајќи дека 21 џамија се затворени и дека продолжува процесот за затворање на уште шест од нив, Дарманин изјави дека овие чекори се преземени врз основа на анти-сепаратистички закон. Критикувајќи ги републиканците и десничарските екстремисти што не гласале за законот, Дарманин се пофали дека законот затворил толку многу џамии што ова прв пат се случува во француската историја.

Тој истакна, исто така, дека тие не допреле 36 џамии кои биле „примерни“ и не било откриено дека се во спротивност со францускиот закон. Дарманин изјави дека некои од нив престанале да добиваат финансирање однадвор, а една џамија имала луѓе кои работат а се обвинети за екстремизам.

Првиот човек на француското МВР додаде дека инспекциите во џамиите ќе продолжат, обраќајќи им се на муслиманите во земјата. Франција е земјка која се приближува до претседателските избори, Дарманин изјави дека во Франција има останато малку места за одржување на настани поврзани со екстремизмот и дека генерално немаат проблеми со муслиманите во државата.

Во август оваа година, Уставниот суд на Франција го одобри контроверзниот закон за анти-сепаратизам, кој беше критикуван за маргинализирање на муслиманите. Законот беше усвоен од Националното собрание во јули, и покрај силното противење на пратениците од десницата и левицата. Владата тврди дека законот има за цел да го зајакне секуларниот систем на Франција, но критичарите велат дека тој ја ограничува верската слобода и ги маргинализира муслиманите.

Нацртот беше критикуван за маргинализирање на француската муслиманска заедница – најголемата во Европа, со 3,35 милиони членови – и наметнување ограничувања од многу аспекти на нивниот живот. Законот им дозволува на службениците да интервенираат во џамиите и здруженијата одговорни за нивната администрација, како и да ги контролираат финансиите на муслиманските здруженија и невладини организации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!