Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија бара санкции за Милорад Додик: Неговите обиди за отцепување се неприфатливи

Германската влада побара од ЕУ да воведе санкции за членот на српското претседателството на БиХ, Милорад Додик, поради обидот да ја одвои Република Српска од вооружените сили, даночниот и правосудниот систем на БиХ.

Ваквите обиди се неприфатливи за германската влада, изјави во Брисел германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Неговите обиди за отцепување се неприфатливи, што значи дека сегашниот режим на санкции треба да се користи против Додик, за што се залагав овде во Брисел“, рече Бурбок по средбата со колегите во Брисел.

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, претходно денеска изјави дека и Српска не е без контрамерки и дека „ако Германија воведе санкции, ќе возврати“.

Лидерите на ЕУ подетално ќе разговараат за ситуацијата на Балканот на самитот на европскиот блок со нивните источни соседи во среда.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!