Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем скандал за време на ждрепката за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите! Ждрепката се повтори, познати се дуелите (фото/видео)

Првите и водечките луѓе на УЕФА, кои беа задолжени за спроведување на ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, направија огромна грешка, па беше одлучено ждрепката да се повтори.

По изборот на ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите ќе гледаме две големи дербија, во едното се среќаваат Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, а во другото Интер и Ливерпул.

Во 15 часот започна повтореното извлекување. Андреј Аршавин ги извлече топчињата а вака изгледаат натпреварите:.

ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД

ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ

ВИЉАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС

АТЛЕТИКО МАДРИД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

ЧЕЛЗИ – ЛИЛ

БЕНФИКА – АЈАКС

СПОРТИНГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

САЛЦБУРГ – БАЈРЕН МИНХЕН

Во првиот шешир се најдоа победници на групите, а со тоа и носители:

Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадирд, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус.

Во вториот шешир ќе бидат второпласираните, а тука се: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал, Салцбург и Челзи.

Финалето е закажано да се игра во Санкт Петербург.

Голем скандал ја одбележа ждрепката за нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Челниците на УЕФА кои беа задолжени за спроведување на ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите направија огромна грешка, па беше одлучено ждрепката да се повтори во 15 часот.

Со првата ждрепка во Нион беа одредени следните двојки од осминафиналето на Лигата на шампионите: Бенфика – Реал Мадрид, Виљареал – Манчестер Сити, Атлетико Мадрид – Баерн Минхен, Салцбург – Ливерпул, Интер – Ајакс, Спортинг – Јувентус, Челзи – Лил, Манчестер Јунајтед – Пари Сен Жермен.

Правилото е дека во првата рунда од нокаут фазата не може да се сретнат клубовите кои биле во иста група, или доаѓаат од иста држава.

Сепак, Виљареал победи против Манчестер Јунајтед во групната фаза и веќе тие две екипи имаа меѓусебен дуел. Имено, кога беше извлечен Виљареал, тие ставија топки во садот во кој беа победници од групите против кои може да игра шпанскиот тим, а по грешка го исфрлија Јунајтед.

Не, не, тоа не е можно. Мораме да извадиме друг клуб, изјави збунетиот Џорџо Маркети.

Проблемот стана уште поголем кога Атлетико Мадрид требаше да добие ривал. Потенцијални противници на шпанскиот клуб не можеа да бидат Реал Мадрид и Ливерпул и мораше да им се заменат топките од шеширот. Но повторно беше направена грешка и беа отстранети топките со имињата на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Ливерпул остана во шеширот како потенцијален противник, што не требаше да се случи, а на Атлетико му беше одземена можноста да биде извлчен да игра против Манчестер Јунајтед, кој би бил далеку подобра опција од Баерн Минхен.

Атлетико ги увиде грешките и веднаш по ждрепката поднесе жалба со барање да се повтори ждрепката, а на нив се жалеа уште неколку клубови.

По кратко разгледување жалбата беше прифатена и ждрепката беше повторена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!