Вие имате прво да ја знаете вистината

Го нарекуваат најтажниот човек на светот: Во животот го прателе огромни трагедии, а до денес е најомилениот актер

Киану Ривс е еден од најпопуларните актери на денешницата, а коментарите за неговиот изглед не се невообичаени.

Имено, на актерот често му кажуваат дека не е стар и дека секогаш изгледа совршено, но неговиот живот е полн со трагедии и тешки моменти. По повод премиерата на новото продолжение од серијата филмови „Матрикс“ со наслов „Матрикс: Воскреснување“, „Индипендент“ се потсети на најважните улоги во кои глумеше.

Како што заклучува „Индипендент“, Ривс е најпотценетиот актер во својата генерација, а го нарекуваат и најтажниот човек на светот. Зад актерот е тежок живот кој содржи бројни трагедии, почнувајќи од раното детство, бидејќи неговиот татко бил зависник од хероин, кој го напуштил семејството кога Кијано имал само три години, по што мајка му се премажувала три пати. Боледувал од дислексија и никогаш не дипломирал.

Го погоди голема трагедија кога неговиот најдобар пријател, младиот актер Ривер Феникс, почина од предозирање во 1993 година, а Ривс никогаш не се помири со неговата смрт.

Пет години подоцна го снашла уште една трагедија, неговата тогашна девојка, актерката Џенифер Сим, била во осмиот месец од бременоста кога го изгубила своето дете. После тоа, парот раскина, а Џенифер им се препушти на пороците. Година и пол подоцна таа загина во сообраќајна несреќа додека се враќала од забавата на контраверзниот Мерлин Менсон, а Кијану бил целосно уништен по нејзината смрт.

Како тоа да не беше доволно, сестрата на Кијану набрзо се разболела од леукемија, а тој станал нејзин старател. Затоа актерот често донира пари за кампањи против ракот.

Но, и покрај се – најде сила да продолжи, да живее, да работи и да не радува со своите улоги. Во неколку наврати истакна дека животот вреди да се живее и покрај се и покрај сите. Познат е и како една од најскромните ѕвезди, па иако е „тежок“ со повеќе од 360 милиони долари, тој сè уште се вози со метро.

Сепак, познатиот актер денес конечно ужива во животот и љубовта, тој веќе подолго време е во врска со Александра Грант.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!