Вие имате прво да ја знаете вистината

Го фати стравот: Фудбалерот на Баерн одлучи да се вакцинира откако закачи опасен вирус

Фудбалерот на Баерн Минхен Џошуа Кимих изјави дека ќе се вакцинира против корона вирусот.

Кимих реши да се вакцинира и покрај противењето што го изрази пред неколку месеци. Минатиот месец беше позитивен на корона вирусот, во среда истече периодот на изолација, но се уште има проблеми со белите дробови, поради што нема да игра до јануари.

Рекол дека за време на болеста го изгубил сетилото за мирис и вкус, а сега боледува од вода во белите дробови.

Кимих додаде дека се надевал дека ќе ја избегне инфекцијата со почитување на мерките, но дека закажал датум за вакцинација пред да се разболи.

Ми беше тешко да се справам со моите стравови и грижи, поради што бев неодлучен толку долго, изјави Кимих за телевизијата ЗДФ.

Кимих во октомври изјави дека не сака да се вакцинира, поради што пропуштил неколку натпревари бидејќи морал да биде изолиран поради контакт со заразените.

Тој во телевизиско интервју тогаш изјави дека има многу прашања за вакцините, по што беше критикуван од бројни здравствени експерти и политичари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!