Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали Србите ќе го вратат воениот рок? Вучиќ веќе прави пресметки колку војска можат да примат касарните

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека се уште нема одлука за задолжителен воен рок бидејќи на тој план има многу проблеми.

Вучиќ во Ниш изјави дека мнозинството од народот се за ваква одлука, оценувајќи дека тоа ќе биде заштеда за армијата, но дека има проблеми.

Од кое годиште треба да важи, ако кажеме дека би било од 1994 или 1995 година, не можеме да прифатиме 35.000 или 20.000 луѓе, можеме да прифатиме до 10.000 луѓе, а тогаш е прашање кого да се ослободиме, рече тој.

Вучиќ изјави дека се размислува за дополнително зголемување на платите за доброволно служење воен рок за да се привлечат уште 5.000 војници годишно, кои мора да ги има српската војска.

Минимално е Армијата да добива уште 5.000 војници годишно, за да ги пополни сите места, рече Вучиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!