Вие имате прво да ја знаете вистината

„Денот за бустер дози“ во Британија предизвика невиден хаос: Нема вакцини и тестови, колони од луѓе чекаат да се вакцинираат

Најмалку еден пациент во Обединетото Кралство почина откако се зарази со омикрон варијанта на коронвирусот, изјави денес британскиот премиер Борис Џонсон.

„За жал, потврдено е дека најмалку еден пациент починал од омикрон“, изјави Џонсон за новинарите. Тој не ја откри возраста на починатиот, а се уште не е познато дали починатиот имал коморбидитети пред да заболи од новиот вид на Ковид.

„Мислам дека треба да заборавиме на идејата дека ова е на некој начин поблага верзија на вирусот и да сфатиме дека тој брзо се шири низ населението“, додаде премиерот.

Откако првите случаи на омикрон во Велика Британија беа потврдени на 27 ноември, Џонсон воведе построги ограничувања, а во неделата ги повика граѓаните да примаат дополнителни дози од вакцината за да не се преоптоварува здравствениот систем.

Министерот за здравство Саџид Џавид предупреди дека омикронската варијанта на вирусот се шири со неверојатна брзина и дека сега сочинува околу 40 отсто од заразените во Лондон.

Премиерот Џонсон деновиве најави дека ќе обезбедува и по милион бустер дози дневно за сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат, но се чини дека неговиот амбициозен план брзо пропадна.

Иако властите ги повикаа Британците да се тестираат за ковид пред да се дружат со семејствата овој Божиќ, земјата веќе има хроничен недостиг на домашни тестови.

„Во моментов нема повеќе достапни комплети за тестирање дома. Ве молиме обидете се повторно подоцна“, се вели на официјалната веб-страница на владата на ОК.

Портпаролот иако тврди дека немаат проблеми со недостигот на залихи, исто така напоменува дека „поради екстремно големата побарувачка престанале да примаат нови нарачки, а така и ќе остане до успешно завршување на постоечките“. Во моментов се достапни ПЦР тестови, додаде тој.

Дека системот е во целосен хаос, докажува и фактот што многу Британци, кои очајно сакаат да ја добијат својата бустер доза, останале да стојат во редови чекајќи вакцинација и до пет часа – центрите предупредуваат дека им снемува вакцини.

Системот за резервации на Националната здравствена служба (NHS) исто така падна додека илјадници луѓе се обидоа да си ја обезбедат дополнителната доза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!