Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма во автобусот на фудбаскиот тим Легија! Хулиганите упаднале во автобусот и ги нападнале фудбалерите!

Навивачите на фудбалскиот тим Легија од Варшава, ги нападнаа играчите на нивниот омилен клуб по поразот од екипата на Плоцк со резлутат од 1:0 во рамките на 18. коло од полскиот шампионат.

Хулиганите се упатиле по автобусот кој ги превезувал играчите до тренинг центарот. Кога екипата пристигнала таму, хулиганите се качиле во автобусот и почнале да ги тепаат фудбалерите.

Неколку играчи се здобиле со повреди на главата, јавуваат полските медиуми.

Српскиот фудбалски репрезентативец, Филип Младеновиќ за време на овој настан бил надвор од тимот поради повреда на коленото, па ја избегнал драмата што ја преживеаја соиграчите.

Најтрофејниот полски клуб сезонава бележи очајни резултати. Моментално имаат само 12 освоени бода и се на самото дно на табелата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!